УО на Третата Фудбалска Лига – Исток чие седиште од неодамна се префрли во Кочани одржа работен состанок со претставниците од 16-те пријавени клубови за натпреварувачката 2016/2017 година.

На присутните им беше презентиран Билтен број 1 кој содржеше 23 точки, кои всушност беа донесени на првиот состанок на УО одржан на ден 30.07.2016 година во Кочани.

Беа запознаени со донесената одлука за формирање Комисија за примопредавање на архива и материјали помеѓу ОФС Штип и ОФС Кочани, за одлуката за проширување на Судиската комисија од 3 на 5 членови, доколку тоа го дозволува Правилникот за судии и судење.

2

Исто така беа запознаени со одлуките за именување на Иванчо Захариев за Комесар за натпреварување на Третата Фудбалска Лига – Исток, за Секретар на Третата Фудбалска Лига – Исток и за Комет администратор на Третата Фудбалска Лига – Исток, Владо Андов за Претседател, како и одлука за именување на Добре Марков за Дисциплински Комесар и Ванчо Коловски за член на Комисијата за молби и жалби.

На присутните им беше презентирано дека новата сезона започнува на 08.Септември и дека досега се пријавени 16 екипи што е дозволениот максимум, а беше презентиран и календарот за одигрување на колата.

3

Клубовите кои сакаат да се натпреваруваат во оваа сезона ќе мора за полусезона да уплатат по 90.000,00 денари на име Котизација и по 9.000,00 денари на име административно техничко водење на лигата (Вкупно 99.000,00 за полусезона).

Судиската такса за главниот судија и таксата за делегатот изнесува 1.700,00 денари, за помошниците 1.500,00 денари а доколку има потреба од четврти судија тој ќе добива по 1.000,00 денари.

За присуство на состаноците, членовите на органите и телата ќе добиваат по 800,00 денари. Патните трошоци за службените лица остануваат 15% од цената на бензинот за изминат километар.

Извлекувањето на двојките е закажано за 24.Август до кога екипите ќе мора да ја платат Котизацијата.

Семинарот за службените лица на натпреварите (судии и делегати) ќе се одржи во Кочани на 27.Август.

4

„Плачковица“ (Радовиш), „Беласица“ и „Тиверија“ (Струмица), „Работник“ (Џумајлија), „Овче Поле“ (Свети Николе), „Напредок Здравје“ (Радово), „Осогово“ (Кочани), „Брегалница Голак“ (Делчево), „Баби“ и „Кит Го Пехчево“ (Штип), „Каменица Саса“ (М.Каменица), „Слога 1934“ (Виница), „Малеш“ (Берово), „Рудар 1947“ (Пробиштип), „Конче Бирлик“ (Конче) и „Василево“ (Василево) се екипите кои засега имаат право да се натпреваруваат во Третата Фудбалска Лига – Исток во натпреварувачката 2016/2017.

С. Ивановски

5

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари