Последните неколку денови угостителите а и посетителите на „Пониква“ со гнев ја коментираа состојбата кај контејнерите во овој туристички центар.

Имено расфрланото ѓубре беше на сите страни, и таман ги добивме фотографиите вработените од КЈП „Водовод“ како да сакаа да не надмудрат, заминаа на терен и го исчистија и собраа сиот расфрлан смет.

За време на викендот ќе ја нема грдата слика на „Пониква“ но после викендот таа повторно ќе се формира, тоа е факт од кој не можеме да побегнеме.

Од името на љубителите на планинскиот туризам а секако и од името на сопствениците на угостителските објекти апелираме до комуналците сметот по можност да се собира после викендите бидејќи тогаш тој е во најголеми количини.

Се надеваме дека апелот ќе дојде до надлежните и истиот ќе биде прифатен, бидејќи убава и чиста „Пониква“ е од интерес на сите нас.

С. Ивановски

2

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари