И во четвртиот од серијата подготвителни натпревари екипата на „Осогово“ не успеа да ја забележи првата победа.

„Жолто-сините“ денес загубија во Делчево од „Брегалница Голак“ со резултат 1:2 (0:0). Како што дознаваме домаќините првиот гол го постигнале од пенал, а „жетварите“ го израмниле резултатот со голот на Андреј Коцевски. Сепак делчевчани на крајот со уште еден гол во мрежата на „Осогово“ успеале да дојдат до победа.

„Осогово“ досега одигра 4 контролни натпревари и забележа биланс од два порази („Турново“ 0:3 и „Брегалница Голак“ 1:2) и две нерешени средби („Малеш“ 2:2 и „Вардар“-Неготино 2:2) со гол-разлика 05:09.

Следниот, петти натпревар кочанчани ќе го одиграат во Среда, кога на теренот на стадионот „Никола Мантов“ ќе гостува новиот третолигаш „Кит Го Пехчево“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари