Пред почетокот на натпреварот од првото коло во Првата Фудбалска Лига „Брегалница“ – „Ренова“ се случи мала свеченост која гледачите со овации ја поздравија.

Имено играчот на „Брегалница“ Стојанчо Велинов пред самиот почеток на натпреварот со дозвола на судијата се качи на трибините каде седеше неговата девојка Мартина, клекна на колена и ставајќи и го прстенот на левата рака ја запроси.

Мартина беше доста возбудена и изненадена во прв момент, но кога ги слушна овациите од присутните го прегрна своето момче давајќи му потврден одговор што уште повеќе внесе ведрина кај присутните на стадионот.

Честитки за Мартина и Стојанчо Велинов со искрени желби за долг и среќен семеен живот исполнет со многу радосни моменти и полна куќа дечиња.

С. Ивановски

2

3

4

5

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари