Минаа убавите времиња на женскиот фудбал во Кочани. Треба да се случат многу промени за да се повтори вештачки создадениот тим кој беше една година Шампион и два пати го освои Купот во Македонија. Ако во минатите три првенства ЖФК „Кочани“ важеше за еден од претендентите за највисок пласман од годинава тоа ќе биде илузија.

Намалениот буџет на почетокот на вториот дел од минатото првенство а уште понамалениот во ова што следи, е причината клубот да почнат да го напуштаат клучните играчи.

Со ангажирањето на Афродита Салихи и Тања Митревска на почетокот на пролетниот дел од натпреварувачката 2012/2013 почна создавањето на шампионската екипа на Кочани, која во следните првенства го постигна она за што челниците во клубот можеа само да сонуваат, ЖФК „Кочани“ стана Шампион и двапати едно по друго го освои Купот на Македонија.

P3830531

Ако Салихи беше еден од главните шрафови за шампионската екипа, со нејзиното име може да се поврзува и распаѓањето на клубот. Салихи барајќи си подобри услови, прва „повлече нога“, а по нејзините стапки зачекорија и другите.

До сега во овој преоден рок „жетварките“ ги напуштија уште три доста квалитетни играчи. Кате Милеска замина и е слободен играч, Елена Чакмакоска и Јана Чубриноска во „СЦ Истатов 2015“ а кога ќе се додаде и повлекувањето од екипата на Виолета Спировска тогаш кочанчанки во следното првенство ќе се борат за пласман во долниот дел од табелата.

P3130876

Таква иднина на клубот до пред две години можеа да предвидат само добрите познавачи на спортот. Вештачки создадениот тим уште на стартот се виде дека нема да има долга историја па затоа и денес се случува она што уште тогаш многумина го предвидоа.

С. ИвановскиP3510393

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари