Конечно дочекаа љубителите на фудбалот во Кочани да ја видат и првата победа на „Осогово“ во овој подготвителен период. Совлада е екипата на „Плачковица“ со резултат 2:1 (1:1). Победата на кочанчани е заслужена иако можеше да биде поинаку доколку гостите во првото полувреме ги реализираа своите прилики за гол.

Први шанса да го отворат резултатот имаа гостите од Радовиш на ударот на нивниот најистурен играч заврши во пречката. Неколку минути подоцна по една остро нафрлена топка од левата страна која никој не ја зафати заврши неколку сантиметри покрај левиот дирек на Дане. Во 32’ ударот на Лиманов Данев со крајни напори го одбрани исфрлувајќи ја топката во корнер.

Се играше 40’ кога гостите упатија силен удар кон голот на Данев кој ја одби топката која пак за негова несреќа дојде до Лиманов кој на 2-3 метри од голот од зад грб беше фаулиран од капитенот на домаќините Здравков и мошне добриот судија Ангелов покажа на белата точка. Протестите на домашните играчи беа залудни. Пеналот го изведе Лиманов, Данев отиде на десната страна а топката заврши во левиот долен агол. Една минута по водството на гостите Здравков на средината на теренот влезе во вербален дуел со Ангелов,  по што судијата му покажа црвен картон и го испрати на предвремено туширање со право на замена.

DSCN0643

По исклучувањето на домашниот капитен домаќините се разиграа. Загосподарија по целиот терен и почнаа опасно да го загрозуваат голот на Јамаковски. Во последната минута од првото полувреме по една нафрлена топка од левата страна еден гостински играч играше со рака и Ангелов без двоумење по втор пат покажа на пеналот. Стојков беше сигурен реализатор на најстрогата казна, упатувајќи Јамаковски на левата а топката на десната страна.

Второто полувреме започна со тотална офанзива на домаќините. Ветеранот Натков играше како во своите најдобри времиња, дриблаше, делеше топки а кога беше потребно и со лизгачки стартови ја одземаше топката од противниците. Токму од акцијата на Натков „Осогово“ го постигна вториот гол. Во 52’ Натков на левата страна си поигра со неколку гостински играчи, упати одличен центар шут, а Тодоров заплива во воздухот и со глава го матираше по втор пат Јамаковски.

До крајот на средбата гостите се обидуваа да го изедначат резултатот но освен шансата на Лиманов кога биеше со глава покрај голот друго ништо не направија. Наспроти гостите, домаќините до крајот на натпреварот создадоа неколку шанси за гол но мрежата на радовишани остана мирна.

По двата порази и двете нерешени средби ова е прва победа за „Осогово“ која треба да претставува потстрек за во иднина.

С. Ивановски

DSCN0689

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари