Шест планинари, членови на ПСД „Осогово“ од Кочани, викендот го искористија за да се искачат на највисокиот врв на Балканот, „Мусала“ (2925 метри) кој се наоѓа на планината „Рила“ (Република Бугарија).

Планинарите искачувањето го започнаа од ски центарот „Боровец“, а патеката во должина од 20 км во двете насоки ја поминаа околу илјада планинари од повеќе земји на Европа.

Прекрасниот сончев ден  на планинарите им овозможи да уживаат во природните убавини, посебно во природните езера, а патеката која е доста стрмна и покриена со острите камења со што ја вбројуваат во групата од потешко рангираните, лесно да ја поминат.

На враќање дружењето на планинарите продолжи со заеднички ручек во сопствена режија во неколкуте угостителски објекти на „Боровец“

С. Ивановски

2

3

4

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари