Улицата кај месноста „Прокарка“ што беше пуштена во употреба во време на „Шарената Револуција“, денес изгледа како да е и таа дел од тој настан.

Ново асфалтираната улица не издржа ниту три месеци. Поради лошото тампонирање од страна на изведувачот на улицата се јавија голем број на недостатоци. На еден дел беше со вдлабнатини, а на другиот беше подигната нешто што и те како им пречеа на учесниците во сообраќајот.

По реагирањето на одговорните од Локалната Самоуправа улицата за краток временски период беше малку „дотерана“ па сега со новиот асфалт на крпениците навистина изгледа шарено, па затоа многумина во шега ја прекрстија како „Шарената улица“.

С. Ивановски

DSCN1751

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари