Вчера (Вторник) околу 06:10 часот на патот с.Грдовци-с.Мојанци, кај м.в. „Соленци“ случена е сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Ауди А4“ со италијански национални ознаки управувано од Б.Т. (25) од Зрновци, и Мопед „Томос АПН 6“ без рег.ознаки, управувано од Н.А. (37) од с.Грдовци-Кочанско.

Во незгодата Н.А. се здобил со со тешки телесни повреди, кој по укажаната лекарска помош во Здравствениот Дом Кочани, поради сериозноста на повредите бил пренесен во Клиничкиот Центар во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Штип и се работи на целосно расчистување на случајот.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари