Играчите на „Осогово“ ја забележаа и втората последователна победа во годинешните подготвителни натпревари.

„Жетварите“ денес ја совладаа екипата на „Овче Поле“ во Свети Николе со резултат 2:1 (1:0).

Жолто-сините од „градот на оризот“ поведоа со голот на Мирче Натков во првото полувреме за да во вторите 45 минути Игор Тодоров со уште еден гол во мрежата на неговиот донеодамнешен клуб го зголеми водството на 2:0.

Откако во 75’ беа повлечени неколку играчи од првата постава домаќините успеаја да го намалат водството на „Осогово“ на 1:2.

Во тимот на „Осогово“ по долга пауза на голот застана Петар Лазаров а во составот се појави и Ефтим Аксентиев што е добра вест за љубителите на фудбалот во „градот на оризот“, дека нивниот миленик ќе направи добар состав кој ќе биде еден од конкурентите за влегување во Втората Фудбалска Лига – Исток која стартува од првенството 2017/2018.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари