Сите четири основни училишта во градот и едно во населбата Оризари спремни ќе го дочекаат почетокот на новата учебна година.

Како што изјави Голубинка Георгиева – Раководител на секторот образование во Општина Кочани, годинава во прво одделени се запишани 334 ученика или за 36 помалку во споредба со минатата година кога бројката изнесуваше 370.

Најмалку ученика оваа година се запишани во ОУ „Раде Кратовче“ 56 што беше причина да се намалат две паралелки а наставниците кои имаат решение на неодредено време се распределени по другите училишта.

Најмногу се запишани во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ 128 од кои 5 во подрачното училиште во село Подлог и 3 во подрачното училиште во село Бели.

Училишната година стартува на 01.Септември.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари