ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА УЧИЛИШНАТА МЕДИАТЕКА ВО ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ ВО КОЧАНИ

ноември 14, 2022
1 минути

Со големо задоволство објавуваме дека денес во употреба ја пуштивме училишната медиатека, капитлна инвестиција за нашето училиште.

Опремена е со 65 инчен телевизор, 3D наочари, камери 360 степени, микрофони, лаптоп, прожектор и др. дигитална опрема.

Просторија каде сите наши ученици и наставници ќе можат да работат и да ги следат современите трендови на технологијата. Голема благодарност на јазичниот центар АMICI за донираното работно биро и се надеваме на понатамошна соработка во интерес на училиштето.

ООУ „Никола Карев“ – Кочани