Денес, за време на пазарниот ден во Кочани неколкумина од потрошувачите реагираа за она што го плаќаат, но не го соодветно добиваат. Имено се пожалија дека поради неисправноста на поголемиот број ваги и други мерила продавачите ги крадат.

„Купив модри сливи. Цената ме привлече и порачав два килограми. Продавачката ја измери количината и рече дека е два килограми. Проверив кај нејзиниот комшија кој имаше електронска вага а таму покажуваше дури околу 400 грама помалку. Откако реагирав продавачката на сливите почна да ми вика што беше причина да и ги оставам заедно со ќесата. Никој не сакам за мои пари да ме прави луда но сакам она што го плаќам да биде точно онолку за колку ми земаат пари“ беше реагирањето на една од купувачите. На слични нешта се пожалија и други кои го слушаа разговорот.

P3010286

 

За жал, не е ова прв пат да реагираат на количината која ја плаќаат, која на пазарот е една а на домашната вага сосема друга количина.

Причината се вагите од кои големиот број личат на се, само не на ваги, кои сигурно не само што се оштетени туку и не се баждирани редовно.

Факт е дека на ваков начин потрошувачите лесно ги крадат, но нема никој од надлежните служби да ги заштити. Ниту инспекторите си ја вршат таа работа за која се платени токму од народот, ниту пак „Здружението на потрошувачи“ кои исто така се платени од народни пари не нашло време да излезе и да се справи со овој проблем.

До кога ќе трае оваа појава, не можеме да претпоставуваме, но мора некој конечно да стави крај на сето ова, бидејќи сите знаат како тешко си ги заработуваат парите за да некои на таков подол начин се осмелуваат и слободно бркнуваат во нивните џебови.

С. Ивановски

P1800025

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари