ЌЕ МУ ПОМОГНЕ ЛИ НЕКОЈ ОД НАДЛЕЖНИТЕ НА ОВА ЛИЦА?

ноември 15, 2022
0 минути

„Пред малку поминав во трговскиот центар. Спроти Телекабел има лице замотано во ќебе како лежи на бетонот. Дете ли е што ли е, живо ли е или не не знам само поминав и го фотографирав со цел надлежните служби да излезат на терен и да си ја работат работата за која се платени. Интересно ми е шро помина многу народ и никој ама баш никој како да не го забележа. Објавете ќе ве молам па можеби некој ќе се смилува и ќе излезе за да си ја заработи дневницата“

Е дописот и фотографијата што ни ја испрати наш сограѓанин.

С. Ивановски