Изминатата денови неколкуте измени на директори во образовниот систем и во други јавни институции ја поделија јавноста во „градот на оризот“.

Она што се шушкаше дека Градоначалникот на Општина Кочани Ратко Димитровски ќе го спроведе во дело со сменувањето на неколкуте директори сега излезе на површина.

Најпрвион беше сменет в.д. директорот на ОУ „Никола Карев“ Благојчо Стојановски што за многумина беше изненадување бидејќи истиот според познавачите на приликите во образованието во Кочани  чесно и законски си ги извршувал поставените задачи. На место на Стојановски назначен е нов в.д. директор, Веселинка Ампова.

Во понеделникот на ред дојде ЈОУ Библиотека „Искра“. Досегашниот директор Сузана Ѓоргиева е сменета за на нејзино место е поставена Румена Тодорова.

И конечно во средата беше сменет директорот на СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани, Лазар Димитријев кој според многумина е најголемото изненадување бидејќи Димитријев со доаѓањето на оваа функција ќе биде запаметен како личност кој оваа образовна институција ја постави на здрави нозе и ја направи една од најдобрите и најорганизираните во државата. На местото на Димитријев именуван е м-р Доне Донев.

Без да ги потцениме новоименуваните директори кои исто така важат за професионалци во своето работење, еден проблем се провлекува во целата оваа постапка.

Факт е дека Градоначалникот според законот го има тоа право да разрешува и именува директори во овие установи, но сето тоа треба да биде транспарентно и законито.

Дознаваме дека најмногу е нарушена постапката за смена на директорот на СОУ „Љупчо Сантов“ Лазар Димитријев, бидејќи постапката за избор на директор е во тек и истата завршува на 23.Август а Градоначалникот смената ја имал веќе направено на 17. Август што е јасен показател дека ќе повлече и судска разрешница.

Но што е тука е, на неколку месеци пред изборите по се изгледа дека некој сака да ја „подобри“ климата во општината.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари