НАЦИОНАЛНАТА ГОДИШНА НАГРАДА ЗА ЖЕНА ПРЕТПРИЕМАЧ НА МИКРО КОМПАНИИ ЈА ДОБИ ДАНИЕЛА ЈОСЕВСКИ ОД КОЧАНИ

ноември 17, 2022
1 минути

Во организација на Здружението на бизнис жени, во партнерство со Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување и Сојузот на стопански комори на Македонија, денеска во Скопје започна Вториот годишен самит на Национална платформа за женско претприемништво.

На Самитот на тема „Инспиративна иднина“, чија цел е зголемување на видливоста и профилот на Националната платформа и придобивките што таа ги обезбедува за засегнатите страни и за женското претприемништво, беа доделени и наградите за најуспешни претприемачки за 2022 година.

Наградата за жена претприемач во категоријата микро компании ја доби Даниела Јосевски од Кочани, сопственичка и управителка на книговодственото биро „Јосевски консалтинг“ и дел од менаџерскиот тим на платформата за огласување „Маркетплус.мк“, која според податоците од Централен регистар исполнила најмногу од зададените критериуми за изборот.

На Самитот се споделувааат најдобри практика и идеи за промоција, развој и поддршка на женското претприемништво.

Општина Кочани како потписник на декларацијата за соработка со Националната платформа за женско претприемништво во наредната година ќе ги проширува мерките и активностите преку овој проект којшто е кофинансиран од Европската Унија.