Во рамките на манифестацијата „Топол културен бран“ во Центарот за култура „Бели Мугри“ во Кочани концерт одржа гудачкиот квартет „Вива стрингс“ од Скопје.

Класичниот камерен состав од две виолини, виола и виолончело се појави со несекојдневен репертоар исполнувајќи популарни музички теми од Мајкл Џексон, Мадона, Ерик Клептон, АББА, Елтон Џон, Стинг, Роби Вилијамс, Боб Марли и др. Аранжманите на композициите се специјално изработени за „Вива Стрингс“.

Во составот „Вива Стрингс“ настапија Елена Талевска, Симон Поповски, Дубравка Зајкова и Дејан Теодосиевски, сите академски музичари, вработени и членови на оркестарот на Македонската филхармонија.

Следната содржина од втората етапа на манифестацијата „Топол културен бран“ е во Четврток, на 25 август, кога пред Центарот за култура ќе се одржи ликовниот перформанс „Здивот на летото“ со Училиштето за цртање и сликање при НУЦК „Бели Мугри“ од Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари