Според Соопштението на СВР Штип, НК за КР Кочани поднесе кривична пријава против А.С. (22) од Кочани, поради постоење основно сомнение дека сторил кривично дело „насилство“.

На 07.08. 2016 година во дискотеката „Аква“ во Кочани пријавениот извршил грубо насилство врз 17 годишен малолетник од Кочани, удирајќи го со тупаници во пределот на главата, нанесувајќи му телесни повреди, со што кај останатите присутни во дискотеката предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари