Според Соопштението на СВР Штип на ден 23.08.2016 година околу 20:40 часот на крстосницата од магистралниот пат А-3 и локален пат за с. Горни Подлог, се случила сообраќајна незгода во која ПМВ марка „Лада 2107“ со штипски регистарски таблици управувано од 16 годишен малолетник од Кочани излетало од коловозот и удрило во бетонски објект, сопственост на „Македонија пат“.

Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот кој по укажаната лекарска помош во ЈЗУ – Кочани е задржан на понатамошно лекување.

По овластување на ЈО, извршен е увид од полициски службеници од ПС Кочани.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари