По поставениот тампон, денес започна асфалтирањето на улицата која од паркинг просторот на „Пониква“ преку викендичките излегува кај „Аеродромот“.

Според изведувачот денес е асфалтиран еден дел од патот, а за 3-4 дена ќе се заврши со комплетното асфалтирање на улицата.

3

Направени се одводните канали, поставени се рабници па се смета дека во иднина сопствениците на викендичките и љубителите на планинскиот туризам при користењето на оваа улица нема да ги имаат проблемите по обилните врнежи од дожд.

Асфалтирањето на улицата требаше да започне уште кон крајот на минатата година но од оправдани причини истото беше одложено.

Ваквиот потег на Локалната самоуправа е за поздравување бидејќи корист ќе имаат сите оние кои добар дел од викендите поминуваат на „Пониква“.

С. Ивановски

2

4

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари