Започна уредувањето на двата патни правци на „Пониква“.

„Со средства од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој од мерките за пристап до туристички локалитети и  за поврзување со магистрален пат, ќе се асфалтираат два локални пата на „Пониква“. Тоа се патот што го поврзува паркингот на Спортско-рекреативниот центар „Пониква“ со викенд-населбата – локален пат – регионален пат 519 – Јастребник во должина од 1.200 метри и ширина од 4,5 м и локалниот пат село Полаки – излетничко место „Пониква“ – прв дел, во должина од 1.075 метри и ширина 4,0 метри За првиот патен правец се наменети 7.809.422,00 денари, а за вториот 8.712.686,00 ден.“ соопшти градоначалникот Ратко Димитровски.

Изведувачот, градежната компанија „Стојменов“, деновиве асфалтира од паркингот на „Пониква“ кон викенд-населбата, а според стручните служби вториот дел ќе се асфалтира во Септември.

„Сите овие активности претставуваат дополнување на условите за развој на туризмот на „Пониква“, посебно за тие што инвестираат во сместувачки и угостителски капацитети и за сопствениците на викендички. Нашата цел е постојано да ја збогатуваме оваа инфраструктура со цел „Пониква“ да стане попривлечен

туристички центар во источниот дел на Македонија“, истакнува Димитровски.

unnamed (3)

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари