На платото пред Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани се одржа ликовен перформанс со наслов „Здивот на летото“.

Деветтемина членови на Школата за цртање и сликање при „Бели мугри“, Каролина Николова, Љупка Коцева, Ангела Ајтовска, Ангела Иванова, Јована Иванова, Павел Николов, Бранко Манчев, Ива Атанасова и Пандора Манева, инспирирани од летото твореа во техниката сув пастел.

Според м-р Александра Димитрова, раководителка на Школата за цртање и сликање, младите уметници создадоа интересни дела кои наскоро ќе бидат изложени пред кочанската јавност.

Ликовниот перформанс „Здивот на летото“ е настан од втората етапа на

манифестацијата „Топол културен бран“.

unnamed (3)

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари