Почитувани,

Денес сме овде со цел да го промовираме проектот кој пред само неколку месеци беше предлог на средношколец , и истиот беше презентиран на трибините – „Ден на идеи“ организирани од УМС на ВМРО-ДПМНЕ , а денес е веќе реалност – тоа е Новата фитнес зона за млади.

Како проект на владата на Република Македонија неодамна на локацијата викана Бавчалук во Кочани беше изградена фитнес зона за млади што е проект кој ке им овозможи на младите во нашиот град располагање со фитнес справи во природа.

Овој проект е нешто ново, атрактивно и се разбира место за рекреација каде што младите од нашиот град ќе можат корисно да го поминат своето време.

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ при Општинскиот комитет во Кочани ќе продолжи да комуницира со младите луѓе и ќе ги слуша нивните идеи со цел се повеќе нивните предлози да стануваат реалност и да им служат на истите.

Ви благодарам.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари