На 26.08.2016 година околу 20:45 часот на патниот премин (магистрален пат А3 Велес – Штип) преку железничката пруга Скопје – Кочани, во с.Лозово, се случила железничка незгода помеѓу  ПМВ„Мазда“ со скопски регистарски ознаки управувано од Б.Н. (1985) од Кочани и патничкиот воз бр.652 со моторна гарнитура 712-101/2, управуван од В.Ц.(1962) од с.Долно Лисиче-Скопје.

Во незгодата нема повредени лица, причинета е само материјална штета. Во времето 20:55 до 23:10 часот, за време на вршење увидот железничкиот и патниот сообраќај биле во прекин.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари