Градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски го потпиша договорот со Амбасадата на Сојузна Република Германија за реализација на донација за Детската градинка „Павлина Велјанова“.
„Станува збор за договор за примање донација за опремување на две занимални во Градинката „Павлина Велјанова“ во Кочани. Донацијата е од Сојузна Република Германија по барање за финансиска поддршка за реализација на мал проект и е во вредност од 284. 905,00 денари“, соопшти градоначалникот Димитровски.
Со овие средства ќе се набават 18 масички, 50 столчиња и 50 креветчиња и ќе се стават во функција уште две простории во Детската градинка, со што ќе создадат услови за зголемување на опфатот на децата во кочанската предучилишна установа.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари