Лош резултат на стартот на новото првенство направија девојчињата на некогашниот шампион и двоен освојувач на купот. ЖФК „Кочани“ на отворањето на сезоната ги разочара малобројните гледачи, бидејќи за време на целиот натпревар не создадоа ниту една шанса за гол, а дозволија да примат пет, но ако девојчињата од Велес беа поконцентрирани во завршницата од акциите можеа до врв да им ја наполнат мрежата.

Податокот дека голманот Фроска Костова беше најдобар играч кај домаќините ја покажува реалната слика за она што денес го видовме на теренот на стадионот „Никола Мантов“.

Спората домашна одбрана, лошата организација на играта и отсечениот напад беа она што денес го покажаа девојчињата на тренерот Оливер Јовановски. Наспроти нив, девојчињата на тренерот Тоше Нацев играа мудро, со кратки додавања го освојуваа теренот а потоа со луцидни проигрувања ги користеа своите брзи играчи.

2

Гостите поведоа во 23’ преку брзата Живиќ за да само три минути подоцна, во 26’ Петрушевска зголеми на два гола разлика. Во 28’ Анета Ѓорѓиева со удар од триесетина метри постигна евро-гол и ја врати надежта дека ќе може да се дојде до поволен резултат. Сепак во 50’ Гегова успеа да избие сама и рутинирано да ја совлада Костова. Кога по изведениот корнер во 58’ Николова намали на 2:3 повторно се појавија надежи дека поразот ќе биде избегнат, но велешанки со головите на Гегова во 81’ и Шемсовиќ во 85’ ставија точка на конечниот победник.

Кога се ќе се собере повеќе од заслужена победа на гостинките, а судијата Спире Арсов со своите помошници Богданчо Ѓеоргиев и Игорче Богатинов одлично си ја завршија работата.

С. Ивановски

3

1

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари