Денес нешто после 15:00 часот избувна пожар во непосредна близина кај депонијата на патот кон „Пониква“.
Дека пожарот беше од сериозни размери и постоеше опасност да се прошири кон сувата трева и дрвјата сведочи сериозноста на вработените во Противпожарната единица од Кочани.
Додека бевме на местото на настанот едно противпожарно возило гаснеше а другото со полн резервоар пристигнуваше.
За причините на пожарот допрва ќе дознаеме, но факт е дека брзата интервенција на Противпожарната единица не дозволуваше истиот да се прошири.
С. Ивановски
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.