„Kangoo Jumps“ е новата експлозивна, високомотивирачки програма, специјално дизајниранa за да го предизвика целото тело во градење мускулна сила и кардиореспираторна издржливост. Со програмата се трошат многу калории, а секое движење е дизајнирано за да може да се фокусира на стабилноста на р’бетот и обезбедувањето баланс за време на тренингот.

Здравствени придобивки од Kangoo Jumps :

Заштита на зглобовите
Превенција на повреди
Брзо опоравување
Губење на тежина
Издржливост
Кардиоваскуларни придобивки
Енергија
Подмладување
Подобрување на зравјето
Подобрување на коскената маса
Одлични за ‘рбетот
Анти – стрес
Правилно држење на телото

Во Кочани за прв пат ,,Kangoo Jumps” почна да работи со лиценциран и признат инструктор од светската федерација на Kangoo Jumps®  Наталија , а тренинзите се одржуваат во  веќе познатиот ,, Фит Џим “ кој работи во областа на фитнесот повеќе од 7 години и лица кои активно работат во фитнесот повеќе од 20 години .

4

„Kangoo Jumps” се вежба со помош на отскокнувачки чевли, кои го држат вашето тело исправено и во баланс, ве заштитуваат од повреди и го зголемуваат скокот. Скокај од радост – не е само израз, го опишува чувството на еуфорија, на силата и леснотијата што секое лице може да ги доживее додека вежба со забавните отскокнувачки канго-чевли.

1

Kангу обувките се лесни за употреба и се многу безбедни. Најпрво биле направени за атлетичари за да ги штитат нивните колена и нозе. Конструкцијата е слична на ролерките, само што, наместо тркалца, овде има федер што прави со секој удар на чевелот лицето да отскокнува. Оваа активност е карактеристична по тоа што ја избледува сликата за монотоноста на фитнесот и на други спортови.

Во 1995 година, во соработка со д-р Гремион, било докажано дека тренирајќи со обувките канго џампс се трошат 20 отсто повеќе енергија и калории од кои било други обувки. Нема држава каде што не се практикува овој тип фитнес. Препорачан е од НАСА.

3

 

За повеќе информации можете да се обратете на facebook страната “Female fit gym” .
https://www.facebook.com/Female-Fit-Gym-114232341952689

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари