Според Програмата за поддршка на образованието во Општина Кочани, “Одделението за јавни дејности“ и оваа учебна година обезбеди помош за учениците од социјално – ранливите групи.

„Помошта се состои од 50 комплети – ранци и училиштен прибор потребен за различни наставни предмети: тетратки, шестари, боици, фломастери, хартија во боја и слично, зависно од возраста и потребите на учениците. Комплетите ги доставивме до петте основни училишта, од каде што им се поделени на учениците“ соопшти Голубинка Георгиева, Раководителка на „Одделението за јавни дејности“ во Општина Кочани.

Поддршка со облека и обувки за учениците од социјално-ранливите групи ќе се обезбедува и со проектот „Подадена рака“ преку Центарот за донација во Кочани.

P1560533

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари