Интересен и преди се возбудлив натпревар одиграа „Брегалница“ и „Шкендија“ во рамките на 5-тото коло од Првата Фудбалска Лига.

„Шкендија“ шеесетина минути беше подобар противник на теренот но со влегувањето во играта на Де Алмеида Нерес Диего, Јовановски и Георгиев штипјани како да се разбудија од сонот. Се бореа, гинеа за секоја топка а како плод на таквата игра дојде до израмнување на резултатот. Освоениот бод за Штипјани ќе претставува поттик во наредните натпревари со новиот Стручен Штаб да стигнат до подобри резултати од оние кои ги имаа на стартот на сезоната.

2

Се чини дека раното водство на „Шкендија“ во 7’ преку Тодоровски многу влијаеше на играта на гостите. Тие како да чекаа домаќините со сите сили да тргнат кон голот на Захов а од контра напади и слободни удари да се обидат да го зголемат водството. Но „штипските сини“ не мислеа така. Тие предводени денес од одличниот Костов  и другите одбранбени играчи го чуваа својот гол а шансата стрпливо ја чекаа.

Таква можност му се укажа на Илијев во 24 минута но неговиот удар од четиринаесет метри заврши покрај левиот дирек.

На почетокот на второто полувреме идентична слика како и во првото. И тогаш од клупата на домаќините беше повлечен вистинскиот потег. Во 62’ од игра беа повлечени Илијев и капитенот Здравков што се покажа како правовремен потег. „Брегалница“ заигра полетно и веќе во 66’ по одличното нафрлување од десната страна ударот на Велинов со глава заврши покрај голот. Оваа шанса како да беше увертира во она што го видовме до крајот. Темелков почна да дели топки како со рака а Велинов од левата страна беше вистинска мора за одбраната на гостите.

5

Одличната игра на домаќините беше крунисана со погодок на Велинов во 77’ што внесе бура од воодушевување кај публиката. До крајот бодрени од своите навивачи штипјани не дозволија на играчите од реномираниот гостин да дојдат до голот, лавовски се бореа и повеќе од заслужено стигнаа до големиот бод.

С. Ивановски

3

4

6

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари