Никако да проработат семафорите поставени на крстосниците во градот. Скоро осум години тие се во тотален мрак, а беа поставени онаму каде и што беше најпотребно, на крстосниците за да може што подобро да се регулира сообраќајот.

Убаво што во градот се направи еден прекрасен кружен тек, убаво е што се размислува за поставување на уште еден до два, но не може секаде да се поставуваат кружни текови.

Според бројот на населението Кочани е во самиот врв во Македонија по бројот на возила по глава на жител што покажува дека и сообраќајот е густ па често и се доаѓа до несакани последици.

Нема градот многу да заштеди доколку на фреквентните крстосници проработат семафорите, ако не треба да работат 24 часа барем преку ден кога на улиците има поголема фреквенција и од минувачи и од возила.

Нема ништо да се загуби доколку проработат барем дел од семафорите.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари