Самиот почеток на натпреварот од 5-тото коло во Првата Фудбалска Лига „Брегалница“ – „Шкендија“ се чини дека непотребно ги подигна тензиите кај дел од гледачите, односно кај навивачите на условниот домаќин, екипата на Штипска „Брегалница“.

Имено влегувањето на педесетината навивачи од навивачката група „Балисти“ не беше ниту исвиркано ниту пак истите беа дочекани со погрдно навивање, нешто што е постојан декор на нашите стадиони во времето на плурализмот. Но така беше се до моментот до поставувањето на црвено знаме со два црни орла. Тогаш почнаа реагирањата на дел од гледачите, па дури и повици кон делегатот на натпреварот Цветко Костовски од Скопје да преземе нешто.

За да не се дига „прашина“ околу овој проблем, доколку ѝ е проблем, денес се обративме до канцеларијата на ФФМ. Од таму добивме толкување дека отстранувањето на таквите знамиња не е предвидено со никаков закон освен доколку се работи за партиско знаме на друга држава поставено на еден од јарболите. Како што не информираа такви знамиња е имало и ќе има и на другите натпревари иако се на други држави.

Според толкувањата од ФФМ ни останува само да заклучиме дека подигнувањето на тензиите околу поставеното знаме било непотребно.

Инаку за одбележување е дека навивачката група „Балисти“ за време на целиот натпревар како и по неговото завршување фер и коректно навиваше, го бодреше својот тим без да направи ниту еден инцидент.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари