Денес околу 17:00 часот на крстосницата во непосредна близина на кафеаната „Грозд“ дошло до сообраќајна несреќа на две патнички возила.

Во сообраќајката учествувале ПМВ „Пежо 208“ со Скопски регистарски таблички, сопственост на „Алма М“ од Скопје и ПМВ „Хјундаи“ со Кочански регистарски таблички.

Според очевидци повредено е лицето кое управувало со „Пежо 208“ и сопатничката во „Хјундаи“ и истите со возила на „Прва помош“ се пренесени во „Медицински Центар“ во Кочани

Двете возила поминале со поголема материјална штета.

Вработени од Полициска Станица – Кочани вршат увид на местото на несреќата.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари