Во организација на Центарот за развој на „Источниот плански регион“, во Кочани се одржа презентација на Проектот за подобрување на општинските услуги, чија цел е општините од Брегалничкиот Регион да се информираат за досегашните искуства од спроведувањето на проектот, како и за новиот програмски период.

На презентацијата се обрати и министерката за локална самоуправа Ширет Елези, која истакна дека проектите за подобрување на општинските услуги се финансираат со заем од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка).

„Средствата се наменети за изградба на инфраструктурни објекти, мали пречистителни станици и за подобрување на комуналните услуги, но и за подобрување на транспарентноста, финансиската одржливост и квалитетот на општинските услуги“ рече министерката Елези.

Градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски ја истакна подготвеноста на Општината да аплицира со неколку проекти во подобрувањето на општинските услуги.
Во првата фаза на овој проект беа вклучени 58 општини, меѓу кои и Кочани. Највисок процент, 32 % беше наменет за проекти за патишта. За новиот програмски период – Втор проект за подобрување на општинските услуги“ ќе бидат наменети 515 милиони евра.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари