Неколкупати досега пишувавме за она што честопати се случува на патот кон „Пониква“ а и на самата „Пониква, но досега барем се покажа во пракса дека никој од надлежните ниту реагира ниту се обидува да го спречи ова лудило.

Љубителите на планинскиот туризам, сопствениците на угостителските објекти и сопствениците на викенд куќите честопати реагираат на она што им претставува проблем, но засега ништо од решавање на тој проблем.

Честопати сме сведоци додека патуваме кон „Пониква“  на самиот пат да наидеме на пуштени коњи и други домашни животни кои слободно се шетаат што за учесниците во сообраќајот е проблем. Честопати сме сведоци да ги видиме истите тие животни како се хранат со она што е пошумено. Честопати истите тие животни ќе ги забележиме во некој двор на угостителските објекти или на викендичките. Честопати ќе ги видиме како го растураат сметот од контејнерите барајќи храна.

Па има ли некој да се осмели и да го спречи ова лудило, или чекаме не дај Боже да се случи нешто непосакувано па тогаш да го решаваме проблемот.

Овој пат толку од пишувањето, а приложените фотографии направени во овие две години јасно го покажуваат она што е секојдневна појава на патот кон туристичкиот центар „Пониква“ и на самата „Пониква“.

Така ниту се организира туризам, ниту се создава туристичка населба.

С. Ивановски

1

3

4

5

6

7

10

2

9

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари