Трета година по ред играчите на „Овче Поле“ гордо го напуштаат стадионот „Никола Мантов“. Денес Овчеполци им одржаа фудбалски час на индиспонираните играчи на „Осогово“, но сепак непотребно кал на нивната потполно заслужена победа фрли мошне слабиот судија од Штип Дарко Стојанов.

Самиот почеток на натпреварот покажа дека гостите се дојдени да играат фудбал, и додека тие играа повеќето играчи на домаќините како црева се влечеа по теренот. Дека „жетварите“ и ништо не одиграа на денешниот натпревар покажува податокот што во 90 минути упатија само три удари кон голот на Ѓоргиев од кои еден заврши во мрежата. Се играше 9’ кога Блажев лошо го процени летот на топката, таа дојде до брзиот Нацев кој изби сам и рутинирано го совлада немоќниот Лазаров. Шест минути подоцна благодарение на одличната интервенција на Лазаров гостите не го зголемија резултатот.

2

 

Зошто гостите не беа казнети за ова промашување најдобро знае судијата Дарко Стојанов.

Во 19’ гостинскиот голман ја испушти топката, таа дојде до Тодоров кој од косо тргна сам кон голот на гостите, но на 8 метри од голот од зад грб грубо беше соборен од гостинскиот голман Ѓоргиев и играчот Синев, но кога сите очекуваа пенал судијата кој беше на центарот од игралиштето! Покажа играта да продолжи. Почнаа мачни сцени, домаќините бараа да ги почитува фудбалските правила а Стојанов како вистински актер нешто гестикулираше без да даде конкретен одговор зошто не покажа на белата точка. До крајот на полувремето за одбележување е ударот на Коцевски кој заврши неколку сантиметри над голот.

3

Второто полувреме започна со нов шок за домаќините. Во 51’ денес одличниот Тренадафилов мошне итро ја избегна офсајд стапицата изби сам, си поигра со Лазаров и уште тројца домашни одбранбени играчи и рутинирано ја упати топката во мрежата. Една минута по шокантниот втор погодок натков испрати силен удар од преку дваесет метри кој заврши неколку сантиметри над голот. Сепак во 60’ гол на надеж за „жолто-сините“ а стрелец беше Натков.

4

До крајот домаќините се обидуваа да дојдат до втор погодок, но гостите секој момент го користеа да задржат време што внесуваше немир кај играчите на „Осогово“. Во 84’ гостинскиот играч Тодоров можеше да стави точка на натпреварот но од поволна позиција промаши празен гол.

Во 88’ спорен момент на натпреварот. Домашниот играч Блажев доби удар во левата јаболчница но Стојанов остана повторно слеп. Во тој момент погреши и гостинскиот голман, ја испушти топката а домаќините постигнаа гол, и наместо Стојанов да покаже на центарот тој повторно нешто гестикулираше со рацете и не досуди ама баш ништо. Овој негов кокс создаде мачни сцени на теренот кои се пренесоа и на трибините.

Дека победата на „Овче Поле“ беше заслужена потврдува аплаузот кој публиката им го упати при напуштање на теренот, што не беше случај и кон судиите кои повеќе од заслужено добија свирежи и погрдни зборови.

С. Ивановски

5

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари