ГФК „Осогово“ – Кочани, ги известува медиумите и целокупната спортска јавност дека е огорчен поради калкулантското судење на поедини судии кои на тој начин директно го кројат првенството и ја девалвираат работата на нашиот клуб.

Потенцираме! Фудбалските судии Стојанче и Дарко Стојанови од Штип, во континуитет судат на штета на „Осогово“, за што зборуваат аргументите:

– Во последните неколку години доделени над 10 црвени картони

– Недосудени пенали во корист на „Осогово“

– Досудени непостоечки пенали против „Осогово“

– Признаени голови од офсајд и други недозволени позиции и ситуации.

Последица на таквото судење се немилите настани на последниот натпревар против „Овче Поле“, провокациите врз публиката и фудбалерите, поради кои мораше да интервенира и полицијата.

Бараме одговорните во Третата Фудбалска Лига – Исток да реагираат во рамките на своите надлежности, да ги прегледаат снимките и да одлучат во интерес на фудбалската игра.

Со почит:

ГФК „Осогово“ – Кочани

1

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари