Жителите од улицата „Никола Вапцаров“ веќе втор ден чекаат вработените од КЈП „Водовод“, оние кои се задолжени за собирање на смет да дојдат и да го вратат контејнерот онаму од каде што го имаат подигнат.

Имено во Понеделникот биле изненадени кога контејнерот по собирањето на сметот бил оставен речиси на средина од улицата.

Местото каде што е поставен е на кривината која води зад „Атомските згради“ па им преставува проблем на учесниците во сообраќајот.

Тие чекаат а како што истакнаа ќе почекаат уште некој ден па во знак на револт ќе преземат некои активности  кои никому нема да му се допаднат.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари