Жителите на улиците „Крушевска“, „Ударничка“ и „Шукри Шаим“ веќе втор ден се во потполн мрак.

„Штедливите светилки“ се покажаа навистина штедливи бидејќи ние еве веќе два дена немаме улично осветлување туку сме во потполн мрак. Се радуваме кога ќе помине некое возило и ќе ни го осветли патот“ во шега коментираше еден од жителите на една од овие улици кој патем ни испрати и фотографии од кои се гледа само мрак и ништо повеќе.

Бидејќи сите семејства со сметките за електрична енергија плаќаат улично осветлување, редно е одговорните во градот уште изутрина да се фатат за работа и веќе од утревечер улиците да бидат осветлени, бидејќи како што истакнаа повозрасните тие се плашат за нивните деца додека ги чекаат да се вратат дома а знаат дека надвор владее темница.

С. Ивановски

14389919_1111825755521114_1

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари