На вчерашниот состанок на „Комисијата за култура“ беше усвоен предлогот за „Денови на Кочанскиот ориз 2016“ да биде поканета Етно групата „Љубојна“. Добар предлог, бидејќи повеќе од сигурно е дека нивната музика ќе биде освежување за манифестацијата.

Но денес љубопитни граѓани се интересираа каде ќе биде поставена бината со оглед на фактот што Кочани не располага со голем простор за одржување на забава од ваков вид.

На вчерашниот состанок беше еден од предлозите беше концертот да се одржи како и претходните години во „Паркот на Револуцијата“ а другиот предлог беше пред зградата на „Мултикултурниот Центар“ со тоа што улицата од „триаголникот“ до мостот кај „Плоштадот“ тој ден да биде затворен. Конечен заклучок не беше донесен бидејќи ќе се бара најповолната локација.

Во разговорите што ги имавме денес со повеќемина наши млади сограѓани како најинтересен беше предлогот концертот да се одржи во „Градскиот Трговски Центар“ на истото место каде минатата година настапи Елена Ристеска.

Предлогот можеби држи место бидејќи репертоарот со кој што располага „Љубојна“ е за уживање, па така и кафулињата ќе бидат полни, и повеќе народ ќе се собере и ќе ужива во музиката, а и општината од даноците ќе има поголема корист.

Впрочем угостителите и заслужуваат вакво внимание бидејќи преку целата година и плаќаат на општината за користење на јавен простор па редно е и општината да им се реваншира.

Сепак последниот збор ќе го имаат организаторите на манифестацијата „Денови на Кочанскиот ориз 2016“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари