Чудното однесување на дел од судиите и нивните ментори кон третолигашот од Кочани беше причината да се направи подетална анализа зошто ваквиот арогантен однос особено во минатото првенство и на почетокот на ова е против „Осогово“.

Кога малку подобро ќе се анализираат работите излегува дека еден од „виновниците“ е „Брегалница“ која со „Осогово“ потпиша договор своите прволигашки средби да ги игра во Кочани, а не во Пробиштип како што сакаа дел од штипските моќници кои години наназад хараат во Тратата Фудбалска Лига – Исток.

Помалку чудно, но повеќе вистинито.

Со играњето на прволигашките натпревари во Кочани на Штипските „моќници“ многу нешта им се скратија. Им се скратија седенките, ручоците, вечерите и забавата која се надеваа дека ќе ја имаат.

Со потпишување на договор помеѓу „Осогово“ и „Брегалница“ плановите им се распрснаа како меур од сапуница, па сега на секој начин гледаат нивната освета да биде што поболна за „жокто-сините“.

Тоа се виде особено на неделниот натпревар кој уште ја држи вознемирена фудбалската јавност во „градот на оризот“.

Додека љубителите на фудбалот сметаат дека „Осогово“ е драстично оштетено, приврзаниците на „штипските моќници“ и оние кои го мразат од дното на душата „Осогово“ со спротивни мислења.

Но кој е во право ќе покаже времето.

Во прилог скратен видеоматеријал од два до три спорни моменти.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари