Во организација на Македонското еколошко друштво (МЕД) денес во просториите на Ресторан „Але Дар“ се одржа работна средба на која беа претставени активностите од Проектот „Патеката на клукајдрвчето“

Проектот е дел од Програмата за зачувување на природата во Македонија чиј национален координатор е „Фармахем“, а финансиската поддршка е обезбедена од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Целта на проектот е промовирање на вредностите на старите букови шуми, едукација, подигнување на јавната свест и подобро прифаќање на концептот за одржливото користење на буковите шуми.

pateka

„Едукативната патека“ поминува низ буковата шума на „Пониква“ (1545 метри н.в.) на јужните падини на „Осоговските планини“. Растојанието од паркингот пред одморалиштето на МВР до почетната точка на патеката изнесува 1,1 километар.

Патеката е долга 870 метри и потребно е помалку од еден час целата да се изоди.

Едукативната патека е наменета првенствено за деца и младинци, но и за сите други заинтересирани лица.

Се препорачува да се изоди „Патеката на клукајдрвчето“ за да се помине еден ден во природа, за де се препознаат растенија, животни и габи, за да се научи нешто повеќе за нив во природата, за да се запознаат вистинските вредности на природата и да се потсетиме дека и ние сме само еден дел од природата.

Презентацијата на проектот беше дело на Светлана Пејовиќ, Раководител на Програмата за еколошка едукација проектот „Патеката на клукајдрвчето“.

С. Ивановски

DSCN3637

DSCN3640

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари