Во Кочани пристигна факелот со кој се одбележуваше годинешната „Трка на мирот“. Голем број на спортисти, ученици и граѓани од општината Кочани го носеа низ улиците. Според однапред утврдената рута, факелот во Кочани пристигна од Македонска Каменица а беше предаден кај бензинската пумпа на „Мак Петрол“ кај „Атом“.

Носен низ улиците „Тодосија Паунов“, „Кеј на Револуцијата“, „Браќа Ставреви“ факелот пристигне пред зградата на Локалната самоуправа. Овде по свеченото обраќање на носителите истиот му беше предаден на Секретарот на Општина Кочани, Петар Апостолов.

DSCN4131

Пристигањето на факелот пред зградата на Локалната самоуправа беше проследено со културно – уметничка програма, а за неговото значење зборуваа организаторите на истиот.

Додека факелот шеташе од рака во рака меѓу вработените во Локалната Самоуправа, учениците и нивните наставници, младите се подготвија за негово понатамошно носење. Од платото пред Локалната Самоуправа, низ улиците „Кеј на Револуцијата“ „Маршал Тито“, Стево Теодосиевски“ и „Димитар Влахов“, до бензинската пумпа на „Лукоил“  факелот го заврши своето патување во Кочани, и продолжи кон Штип.

С. Ивановски

DSCN4127

DSCN4169

DSCN4205

DSCN4215

DSCN4250

DSCN4264

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари