Во Хотел „Гратче“ вечерва Регионалниот Центар на новинари при ЗНМ од истокот го одржа своето „Изборно Собрание“.

На Собранието на кое присуствуваа повеќе од дваесетина новинари од Истокот најпрвин беа поздравени од г-дин Рикардо Гутиерез, Генерален секретар на „Европската федерација на новинари“.

Од страна на Координаторот Иван Бојаџиски беше поднесен Извештај за работата на Регионалниот центар „Исток“за периодот 2012-2016 година.

Бидејќи се поднесе само една кандидатура за регионален Координатор со предлог-програма за работата на центарот за периодот 2016-2020 година, Иван Бојаџиски по трет пат ја доби довербата од новинарите од истокот.

Освен г-динот Рикардо Гутиерез на Собранието во својство на гости присуствуваа и претставници од највисокото раководство на ЗНМ.

С. Ивановски

2

3

4

5

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари