Девојчињата на „Кочани“ со пресврт стигнаа до првата победа во годинешното првенство, совладувајќи ја мошне симпатичната екипа на „Речица“ со 4:1 (2:1).

Домаќинките доста анемично го започнаа натпреварот. Со прескокнување на средината на теренот со многу грешни додавања тие никако не можеа да стигнат до голот на гостите. Спротивно на „Кочанчанки“ гостите од првиот свиреж на судијата Ангелов се растрчаа по теренот, повеќе напаѓаа а како плод на таквата игра е и водството во 10’ преку А.Николовска. три минути подоцна нова шанса за „Речица“ но незгодниот удар на А.Николовска, Костова успеа да го скроти.

P3950800

И ова промашување како да ги отрезни „жетварките“. Почнаа да играат онака како што посакува тренерот Јовановски. Со прецизни додавања го освојуваа теренот и почнаа да се редат шанси пред голот на Стоилковиќ. Се играше 25’ кога Анета Ѓорѓиева успеа да ја круниса надмоќноста и да го израмни резултатот. Во 33’ домаќинките поведоа со 2:1. Николова изби сама, го мина гостинскиот голман и ја пласираше топката во мрежата.

Во 64’ ја видовме најубавата акција на натпреварот. По нафрлената топка од левата страна Верица Ѓеорѓиева биеше со глава во незаштитената мрежа, а конечните 4:1 ги постави Петровиќ во 80’.

С. Ивановски

P3950885

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари