Еден мошне неинтересен натпревар на крајот стана повеќе интересен, но не од играта или некакви фудбалски потези, туку од недисциплина во која главни протагонисти беа неколку гостински играчи.

Во 86’ по еден досуден офсајд, гостинските играчи извршија напад на главниот судија Сашко Ристов и неговиот прв помошник Ѓорѓи Станковски. Имаше се и сешто во таа голема мешаница, имаше навреди, пцости, недолично однесување, закани а и физички напад кон главниот судија.

По натпреварот долго време се составуваше записникот бидејќи делегатот кој колку можеше се обидуваше да ја смири тензијата на теренот, сакаше се да биде нотирано. Откако беа потполнети сите рубрики во записникот., следуваа забелешките на делегатот Јордан Илиевски од Лозово. Во дополнетиот записник стои:

3.Забелешки на делегатот: (за организацијата и случувањата на натпреварот)

„Натпреварот е одигран по правила и прописи на ФФМ. Натпреварот е снимен и касетата е предадена на делегатот. Натпреварот е прекинат во 86 минута поради покажан втор жолт картон на играчот со број 10 во гостинската екипа, заради неспортски однос (недолично однесување, плукање) кон првиот асистент. Во продолжение наведуваме дека играчот со број 11 и број 4 откако им беа доделени втор жокт картон на играчот со број 4 и директен црвен картон на играчот со број 11 незадоволни од одлуката на главниот судија, играчот со број 4 физички го нападна главниот судија и му нанесе видни модринки по телото и закани дека е вработен во АРМ и дека поседувал оружје со закани дека ќе му го одземе животот. Исто така пријава и кон претставникот на гостинската екипа заради закани и недолично однесување сакаше физички да се пресмета со судиите и беше спречен од лицата за обезбедување – МВР. Следува дополнителна изјава од делегатот и судиската тројка“.

По составениот записник дознаваме дека судиите и службените лица биле повикани во Полициска Станица – Кочани за да дадат дополнителни изјави за инцидентот.

Бидејќи секогаш има фудбалски работници кои знаат се и ништо не знаат и само долеваа масло на огинот, и кои тврдеа дека не требало да има прекин на натпреварот, приложените фотографии од телото на главниот судија ќе го дадат одговорот.

Играч со број 10 – Дарко Пешовски.

Играч со број 4 – Борче Јовановски

Играч со број 11 – Александар Ѓеоргиевски

Претставник на гостинска екипа – Звонко Горгиевски

С. Ивановски

2

3

4

5

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари