Се играше 78’ кога денес одличниот судија Васко Мавров досуди слободен удар за „Брегалница“. Топката ја намести кој ако не мајсторот за слободни удари Здравков, краток залет и топката заврши онаму каде не беа испружените раце на Зендели. Овој гол донесе голема радост за домашните навивачи, но и ги „расплака“ навивачите на „Шкупи“, „Шверцери“ кои патем кажано денес на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани беа дванаесеттиот играч на чаирчани. Навиваа фер и коректно и покажаа како се сака својот клуб.

Инаку денес и „Брегалница“ и „Шкупи“ одиграа цврст натпревар со многу надмудрувања во кој на крајот заслужено славеа „домаќините“.

Важноста на бодовите како да беше причина гледачите да не видат многу шанси за гол, туку да бидат сведоци на игра со доста трчање и тактичко покривање на клучните играчи во обете екипи.

12

Сепак гостите од Скопје беа тие кои ја имаа повеќе топката во своите нозе, почесто шутираа кон голот на Кобетиќ, но нивните удари завршуваа покрај или над голот, а она што беше упатено во рамките на голот денес одличниот голман на „Штипските сини“ на маестрален начин знаеше да го одбрани. Првиот удар на Демири во 14’ Кобетиќ со пад во нозе го одбрани а ударот со глава во 66’ на истиот играч на маестрален начин го скроти.

Сепак погодокот на Здравков значеше дека бодовите ќе отидат на контото на „Брегалница“ а утеха за гостите ќе им бидат аплаузите со кои на патот кон соблекувалната ги награди објективната публика.

С. Ивановски

13

14

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари