Во саботата на падините на „Осоговските Планини“ беше спроведена првата активност од проектот  „Патеката на клукајдрвчето“ кој се спроведува во рамките на Програмата за заштита на природата во Македонија, чиј национален координатор е „Фармахем“, а финансиската поддршка е обезбедена од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).

Во активностите учествуваа околу 200 ученици од основните училишта од Кочани, кои пристигнаа на „Пониква“ организирано со автобуси.

Најпрвин во името на МЕД (Македонско Еколошко Друштво) на присутните им се обрати координаторот на проектот Светлана Пејовиќ, а потоа присутните ги поздрави и градоначалникот на Општина Кочани Ратко Димитровски.

Освен еколошко-едукативните активности во буковата шума,  учениците учествуваа и во активности кои беа спроведени од членови на Извидничкиот Одред „Ластовица“ од Кочани.

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

9

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари