Деновиве, поединец или група на сопственици на викендички се дрзнале и ја прекопале целата патека на „Ски-лифтот 1“ и сега таа на неколку месеци пред почетокот на зимската сезона е потполно уништена.

Како што дознаваме концесионерот на ски-лифтовите на „Пониква“ и патеките за скијање бил непријатно изненаден кога му било соопштено дека му ја прекопале патеката за скијање на „Ски-лифтот 1“.

Заедно со адвокат и вештаци за оваа проблематика Концесионерот заминал за „Пониква“ за да утврди на самото место дали патеката е прекопана од корисници на викендички за поставување на електричен кабел или водовод.

Дефинитивно, патеката за скијање за оваа сезона е уништена и не верувам дека на неа ќе може да се скија на снег помалку од 40 сантиметри. Со мојот адвокат ќе покренеме судски спор бидејќи никој не ми има побарано да му одобрам да ја копа патеката која ја имам под концесија. Според вештите лица со кои бевме на самото место на настанот по се изгледа дека е копано за да се постави водоводна цевка за некоја од викендичките. Дали за ова одобрение имаат дадено градоначалниците на Кочани и Пробиштип не ми е познато, но факт е дека ќе барам целосен надомест на штетата и доведување на патеката во првобитната состојба“ беше изјавата на револтираниот концесионер Благој Манов.

Според направените фотографии се гледа големото оштетување на патеката со која и нејзиното користење за време на оваа зимска сезона е доведено под знак на прашање.

С. Ивановски

2

5

13

129

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари