НК за КР Кочани поднесе кривична пријава против  С.Ѓ. (43) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции  и прекурсори“.

Пријавениот во средината на месец април 2016 година неовластено набавил опојна дрога марихуана и амфетамин од непознато лице од Република Бугарија и истата ја држел во сопствениот дом во Кочани со намера да ја продава на лица уживатели на опојни дроги.

На 28.04.2016 година од извршен претрес во домот на пријавениот и преглед над истиот пронајдени и одземени се вкупно 43 пакувања со опојна дрога марихуана со вкупна нето маса од 77,04 грама и четири пакувања со опојна дрога амфетамин со вкупна нето маса од 43,94 грама.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари